Макс Ферстапен дојде до првата победа оваа сезона во Формула 1 откако беше најбрз на трката за големата награда на Емилија Ромања на патеката Имола во Италија.
Во втората трка оваа сезона, Ред Бул стигнаа до првата победа благодарение на одличното возење на Ферстапен кој уште во првиот круг го помина Хамилтон и ја одржа првата позиција до крајот.
Луис Хамилтон направи грешка во периодот кога се обидуваше да му се доближи на Ферстапен и падна дури на деветата позиција. Сепак по голема борба шампионот успеа да дојде до второто место. Покрај Ферстапен и Хамилтон, место на подимот имаше и за Ландо Норис од Мекларен кој го освои третото место.
Бодови освоија уште и Леклер, Санц, Рикардо, Строл, Гасли, Раиконен и Окон.