Актуелниот двократен светски првак во класата Формула 1, Холанѓанецот Макс Ферстапен од тимот на Ред Бул дојде до својата 41-ва победа во кариерата на неделната трка за Големата награда на Канада возена во Монтраал.
Со тоа Ферстапен се израмни според бројот на победите со легендарниот Бразилец Аиртон Сена, а на својата екипа ѝ ја донесе 100-та победа во конкуренцијата на конструкторите.
Холанѓанецот не беше загрозен во ниту еден момент од трката, а победи пред Шпанецот Фернандо Алонсо од тимот на Астон Мартин, и седумкратниот светски шампион Британиецот Луис Хамилтон од тимот на Мецедес.
Ферстапен победи четврти последователен пат оваа сезона и шести пат во осумте досегашни трки. Простанатите две победи ги оствари неговиот клупски колега Мексиканецот Серхио Перес кој во Монтреал беше шестопласиран.
По осум трки Ферстапен е во водство со 195 бодови, 69 повеќе од Перез и 78 повеќе од Алонсо.
Формула 1 – Гран при на Канада
1. Макс Верстапен (Хол/Ред Бул) 1:33:58,348 часа
2. Фернандо Алонсо (Шпаа/Астон Мартин +9.570
3. Луис ХамилтонМ (ВБ/Мерцедес) +14.168
4. Шарл Леклер (Мон/Ферари) +18.648
5. Карлос Саинц (Шпа/Ферари) +21.540
…
Генерален пласман – возачи:
1. Макс Верстапен (Хол/Ред Бул) 195 бодови
2. Серхио Перез (Мек/Ред Бул) 126
3. Фернандо Алонсо (Шпа/Астон Мартин) 117
…
Генерален пласман – конструктори:
1. Ред Бул 321 бод
2. Мерцедес 167
3. Астон Мартин 154
…