Ферстапен стартува од првата позиција за Големата награда на Штаерска

Моментално водечкиот во генералниот пласман во Светското првенство во класата Формула 1, Холанѓанецот Макс Ферстапен од тимот на Ред Бул, ќе тргне од првата стартна позиција во трката за Големата награда на Штаерска, во Австрија, додека покрај него во првиот ред на патеката во Шпилберг ќе биде актуелниот светскиот првак Луис Хамилтон од Мерцедес.

Ферстапен дојде до својата шеста „пол позиција“, откако во денешните квалификации беше за 195 илјадинки побрз од Финецот Валтери Ботас од Мерцедес), а 226 илјадинки од Хамилтон.

Ботас, сепак, ќе стартува од третиот ред, откако беше казнет поради „потенцијално опасно возење во боксот‘ за време на петочниот тренинг.

Од вториот ред ќе тргнат Британецот Ландро Норис од Мекларен и Мексиканецот Серхио Перез, додека покрај Ботас во третиот ред ќе биде Пјер Гасли од тимот на Алфа Таури.

Трката за Големата награда на Штаерска се вози в недела со почеток од 15 часот.