Фестивал на органска храна во Скопје

Фестивалот, кој се оддржува под мотото „Здраво секојдневие и начин на живот“, има за цел да ја промовира органската здрава храна и здравите навики на живеење.

Анастасија Ашкилова од компанијата „Фарма Биаква“  појасни дека органската храна се произведува по одредени стандарди и дека за нејзино производство е потребно регистрирање на органските производители кои треба да поседуваат сертификат од една од двете сертификациски куќи во Македонија.

– Прво се сертифицира почвата па потоа секој производ посебно. Потребно е семињата да се органски како и целиот процес на растење кој треба да се следи. Во Македонија најчесто се сертифицира  марулата, цвеклото.. од зеленчуци, а јаболкото е најсертифицирано органско овошје, истакна Ашкилова.

Производите се прскаат со огански пробиотици и инсектициди кои, како што појасни, може да се козумираат и не се штетни по здравјето.

На фестивалот, кој ќе трае до 18 часот ќе бидат организирани  дебати за предностите на органската храна, за здравјето на секој поединец и неговите најблиски, дебата со нутриционисти околу здравиот начин на исхрана, како и работилници за најмалите.

Здравата органска храна се произведува по одредени производствени стандарди. Конвенционалната употреба на неоргански пестициди, инсектициди и хербициди е забранета и избегнувана како последна мерка. Во повеќето држави, органските производи не смеат да бидат генетски модификувани.