Дали сте чуле или прочитале име на некој друг обвинител од СЈО или ОЈО, со исклучок на првиот човек на овие институции или евентуални потпароли? Мошне ретко. И тоа е нормално секаде во светот. Својата сила, знаење, искуство, умешност секој обвинител го покажува во судницата низ доказите и добрата подготвеност за некој случај.
Но, на обвинителката Фатиме Фетаи тоа не и се допаѓа, и таа прави се за да добие јавен публицитет. Кога тоа неможе да го направи со аргументи, го прави со вештачко креирање на скандали во кои таа е во центарот на вниманието. Важно и е да се зборува и пишува за неа во медиумите, макар и по лошо. Медиумите пак, нормално едвај чекаат вакви ликови, да имаат нешто интересно о забавно да објават.
Оваа обвинителка има многу лоши навики. Таа е класичен ексцентрик-човек кој се одликува со чудно и необично однесување, кое одстапува од параметрите на нормално однесување. Честопати со желба да привлече внимание на себе пред се од медиумите. Откако, очигледно, СЈО добија инструкција да не даваат изјави за медиумите после секое рочиште, на Фатиме сериозно и недостасува внимание, па се обидува оваа неприлика да ја компензирапреку скандалозно однесување во судницата.
Речиси при секој јавен настап во судница Фетаи некого од обвинетите или нивните адвокати ги навредува покажувајки голема доза на арогонтност и дрскост. Најчесто ароганцијата и дрскоста се користат за покривање одредено незнаење, некоја слабост или лоша позиција во што и да е.Фатиме Фетаи покрај ова неможе да ги котролира емоциите. Знае одненадеж на најмало дразнење или незадоволство да се раздере во судница, како што еднаш му се развика на еден обвинет зошто ја гледал. Личи на оние маалски провинциски тинејџери од предградијата кои за да покажат колку се силни и да изгледаат ,,фраери,, во маало, одеднаш ќе му речат на некој послаб или помал од нив: ,,што ме гледаш бе“? Овој што гледал треба да се исплаши а останатите да видат колку бестрашен и опасен може да биде нашиот јунак, и тоа само ако го погледнеш.
Денеска на пример, во предметот ,,Протести во Центар“ по една мирна, тивка и културна реакција упатена кон судијата од страна на адвокатот Димитар Дангов, дека обвинителката Фетаи му поставува вкрстени прашања на нејзиниот сведок-функционер на СДСМ, во ситуација кога за тоа нема право, уште пред судијата да се произнесе, Фатиме Фетаи, се сврте кон Дангов, и со хистерично дерење му се развика со зборовите: ,,Ќе пораснете ли Вие еднаш?“
Таа не му одговори дека по закон и по конкретен член од законот има такво право, бидејки нема право, ниту пак се извини што ги пречекорила правилата. Тоа би било нормално однесување.
Таа урлаше, се караше и навреди човек кој најмалку заради возраста, искуството и пристојноста при неговата реакција не го заслужи тоа. Димитар Дангов е долгогодишен адвокат, на возраст која се доближува до околу 60 години. Високо е ценет во стручната фела, и почитуван како човек. Има крајно културен и коректен однос кон секого и многу внимава на своето однесување и углед. Никогаш не го подигнува тонот, и е крајно љубезен и културен во комуникацијата со сите. Тој одлучи да не и одговори на Фетаи на навредата. Кратко ја погледна, и со тоа кажа се. Ја остави сама ,,на сцената“. Да се издере и да покаже која е таа, а кој е тој.
Тоа веројатно беше најдобриот одговор кој можеше да го даде на разјераната и со сериозни празнини во воспитувањето, Фатиме Фетаи. Потоа кога седна на столчето Фетаи продолжи вербално да се препукува со момците од Гази Баба, Драчево и Батинци кои не и останаа должни, а кои се обвинети за наводно насилство во случајот „протести во општина Центар во 2013“.
Обвинението за насилство против овие личности Фетаи го темели на тоа дека кога биле демонстрациите овие лица пцуеле и довикувале погрдни зборови кон Жерновски и советниците на СДСМ, и со тоа им создале чуство на страв и несигурност. Како да не живееме во демократија, и како да нема пцуење и довикување на секои можни протести во овие 28 години независност и демократија.
Судејќи по односот во судницата на обвинителката Фетаи, човек да се праша да не ги погрешиле местата за седење некои луѓе во судницата. Фетаи е исто така позната и по правењето гримаси во судницата додека говорат обвинетите или нивните адвокати. Препознатлива е по нејзиното невербално однесување. Таа за секој коментар изречен во насока спротивна на нејзините цели, има подготвено гримаса која веројатно треба да е забележана и да влијае на судијата, нешто што го нема кај другите обвинители. Кога еден обвинител наместо со докази, факти и аргументи сака да го убеди судијата со правење гримаси додека некој обвинет или адвокат дава исказ, говори лошо за обвинителот. Иако Фетаи знае дека за мало доцнење од 5-10 минути не се изрекуваат мерки притвор или стражарско спроведување, туку усна опомена од судијата, иако и судиите речиси секогаш доцнат пo 5 или 10 минути, Фетаи непропушта прилика да побара притвор за Груевски дури и ако задоцни една минута.