![fatime-tupancevski-750x430](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/03/fatime-tupancevski-750x430.jpg?resize=696%2C399&ssl=1)
Вишата обвинителка Фатиме Фетаи вчера ги покажа уплатниците за платените аранжмани преку туристичката агенција „Гуливер“ за следење на натпреварите на македонската фудбалска репрезентација. На двете уплатници стои датумот 28 март, а репрезентативците за Палермо летнаа на 22 март, а за Порто на 27 март, открива порталот МКД.мк.
Како што пишува порталот, на уплатницата за аранжманот за Палермо стои дека во ТА „Гуливер“ Фетаи уплатила точно 23.910 денари, а за аранжманот за Порто – 17.085 денари на 28 март.
За министерот за правда Никола Тупанчески покажувањето на уплатниците за патот во Палермо е тривијално прашање.