Фетел ги губи нервите: Болидот не работи како што сакам !

Актуелниот шампион во Формула 1, Германецот Себастијан Фетел, по откажувањето на првата трка во Мелбурн, го освои третото место во Малезија, а потоа следеа два порази од неговиот тимски колега Даниел Рикардо, што јасно покажува дека 26 – годишниот пилот се мачи. Очекувано, тој е незадоцолен од техничките промени на болидот, сезонава.

“Во спортот сме кој е познат како гласен и опасен. Ризикуваме да го загубиме квалитетот на мотспортот. Повеќе би сакала В10 или В12 мотори со 1000 коњски сили и многу снага. Во однос на минатата сезнона, многу сме полоши. Болидот не работи како што треба и како што сакам. При сопирање и во свиоците немам доволно самодоверба” , изјави Фетел.
Германецот ќе има можност да го поправи впечатокот на патеката во Барселона, на која победи само еднаш до сега во 2011 година.