Неколку денови пред почетокот на новата сзона во Формула 1, јасно е дека Ред Бул не се задоволни од својот болид, а најнезадоволен е нивниот прв возач и актуелен шампион Германецот Себастијан Фетел. Моторите на Мерцедес во споредба со моторите на Ред Бул изгледааат застрашувачки, а на Фетел му е јасно дека пред него е катастрофална сезона за тимот и ќе биде прекината неговата серија од четири последователни титули.
Германецот не го крие разочарувањето од својот болид, кој го нарече Сузи , а светските медиуми веќе почнаа да шпекулираат за негово заминување во друг тим.
“Доколку ова катастрофална состојба не се промени , не можам да го кривам Фетел, ако почне да размислува за промена на средината” изјави шефот на Ред Бул , Хелмут Марко.
Како што пишува Билд, Германецот има само две алтернативи, Ферари и Мерцедес. Најмногу се пишува за негово заминување во германскиот тим во чии редови моментно се Луис Хамилтон и Нико Розберг.
Фетел со Ред Бул има договор со 2015 година, а се шпекулираше дека ќе го продолжи до 2017 , но само ако во тимот има иднина и е конкурентен за освојување на нови шампионски титули.