Фетел ќе стартува прв во Бахреин

Тимот на „Ферари“ прв пат по 11 години се избори за пол-позиција во Бахреин и тоа со „еден-два“ победа во кфалификациите за утрешната трка.

Себастијан Фетел ќе го има најповолното стартно место , благодарение на резултатот 1:27.958, додека до него ќе почне Кими Раиконен, кој задоцни 143 илјадити делови од секундата. Најдоброто време Фетел го извозе во последниот круг, подобрувајќи го времето на својот тимски колега Раиконен.

Трето време забележа Валтери Ботас со „Мерцедес“, а неговиот клупски колега и актуелен шампион, Луис Хамилтон, беше четврти, но трката утре ќе ја стартува од деветтата позиција, поради казната од пет позиции која ја заработи на вчерашниот втор слободен тренинг поради промена на менувачот. Па така од вториот ред ќе стартува Даниел Рикардо со „Ред бул“.
Пјер Гасли од “Торо росо“ имаше шесто време, но ќе биде прв во третиот ред заедно со Кевин Магнусен од „ХАСС“, а по нив следат Ник Хулкенберг со „Рено“ и Естебан Окон од „Форс индија“. На десеттата позиција заврши Карлос Сајнц, пилот на „Рено“. Утрешната трка почнува во 17.10 часот.

Себастијан Фетел ќе ја стартува утрешната трка за ГН на Бахраин од пол-позицијата, откако германскиот ас имаше најдобро време на денешните квалификации.