
Светскиот шампион во Формула 1, Себастијан Фетел (Ред Бул) ја израдува конкуренцијата, откако изјави дека неговиот болид (РБ10) не е конкурентен за освојување на нова шампионска титула. Тој истакан дека неговиот болид на првата трка за ГН на Австрлаија ќе биде исто толку добар колку и на тестовите во Бахреин
„Нашиот болид не е конкурентен за титулата , ниту пак за победа на првата трка сезонава. Ние ќе бидеме истот толку слаби во Мелбурн, колку што бевме и на тестовите во Бахреин. Напорно работевме со тимот за да го направиме возилото поконкурентно, но не успеавме. Добро ќе биде ако ја завршиме трката во Австралија”, откри Фетел.