Фетел во Сингапур дојде до првата победа сезонава

EPA-EFE/WALLACE WOON

„Еден-два“ победа оствари екипата не „Ферари“ во неделата на трката од Светското првенство во класата 1 возена која се возеше за Големата награда на Сингапур, откако првото место го освои Германецот Себастијан Фетел, додека неговиот клупски колега Шарл Леклер од Монако го освои второто место, со што ја потврди денешната доминација на „црвените“ болиди.

Ова е прва „еден-два“ победа за „Ферари“ по пауза од две години и трета последователна по повеќе од една деценија, а прва победа за Фетел по 23 трки „пост“.

Веднаш по болидите на „Ферари“, целта ја мина Макс Верстапен од „Ред Бул“. Во Сингапур без подиум остана тимот на „Мерцедес“, бидејќи Британецот Луис Хамилтон заврши на четвртокот, додека Финецот Валтери Ботас се пласираше на петтата позиција.

Куриозитет на трката беше најбрзиот круг што го извози последнопласираниот Данецот Кевин Магнусен од тимот на „Хаас“, но поради правилото дополнителен бод да не се доделува на возачи под десеттата позиција, ова е прва трка оваа сезона каде што нема да биде награден возачот со најбрз круг.

По 15-те трки оваа сезона во поредокот кај возачите лидер е Хамилтон со 296 бода, пред Ботас со 231, Леклер и Верстапен имаат по 200, аФетел е петти со 194,…

Кај конструкторите „Мерцедес“ е лидер со 527 бода, „Ферари “е втор со 394, „Ред Бул“ е трет со 289 бода.

Следната трка од Ф1 шампионатот ќе се вози по седум дена во црноморското одморалиште Сочи, за Големата награда на Русија.