ФФМ го промовираше победничкиот пехар за Суперкупот 2017

Фудбалската федерација на Македонија денеска официјално на националната арена “Филип Втори” го промовираше пехарот кој во 2017 година во Скопје ќе биде доделен на победникот во УЕФА Супер купот.

Македонија и главниот град добија организација на досега најголем спортски настан во нашата историја, како заокружување на определбите на ФФМ изминатите години за максимално наше фудбалско интегрирање со европската елита.

pehar2

Пехарот за Супер Купот 2017 денеска од 18 часот ќе биде изложен во трговскиот центар “Сити мол” во Скопје, а љубителите на фудбалот ќе може да го погледнат и утре во терминот од 11 до 12 часот.