Фудбалската Федерација на Македонија и нејзиниот нов партнер Пивара Скопје, утре со почеток од 13:45 минути на платото пред зградата на Фудбалската Федерација ќе одржат промоција на навивачка химна, како и спот за истата по повод заминувањето на Македонија на Европскиот шампионат летово.
На настанот покрај промоцијата на спотот, предвидено е и обраќање на претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини како и на генералниот директор на Пивара Скопје, Горан Сладиќ.