Жетвата на пченицата започна, но откупот на пченицата е неизвесен предупредува Федерацијата на фармерите на Република Македонија (ФФРМ) од каде наведуваат дека фармерите се соочуваат со двојна непогода, од една страна климатските промени, односно сушата го намалија производството на пченица, а од друга страна цената на пченицата не е јасно дефинирана.
Според направените анализи на Федерацијата на фармеритекоја ги застапува земјоделците со мали површини, минималната цена за производство на пченицата изнесува 12 ден по килограм. Врз основа на оваа анализа, во ФФРМ сметаат дека минималната цена за пченица по килограм треба да биде 12 денари, и затоа го поддржува и предлогот да се направи интервентен откуп на пченицата за 12 денари по килограм.
„На ваков начин ќе се заштитат малите производители на пченица, кои во најголем дел ја произведуваат македонската пченица односно од вкупно 105.061 земјоделски стопанств, 104.853 се земјоделци, кои произведуваат пченица на површина од 1 до 3 хектари, а 208 се деловни субјект“, се вели во писмената изјава на ФФРМ од вторникот.
Според оваа групација, со цел да не се прваат манипулации во делот на откупот и продажбата на пченица, законски треба да се смени датумот на интервентниот откуп на пченицата и да биде од први јули кога е жетвата на пченицата и кога започнува откупот.
За транспарентно работење на Агенцијата на стоковни резерви ФФРМ бара и измени на Член 43 од Законот за земјоделство и рурален равој, каде што наместо директорот на Агенцијата да донесува решение за избор на понудувачи, треба да се формира комисија во којашто ќе учествуват и претставници од земјоделските здруженија и на стопански комори за да се изврши откуп и продажба на пченица.
„Токму на долгорочен пат треба да се почитува договорното производство, каде што откупувачите ќе склучуваат договорите со производителите и ќе се почитуваат барањта и на двете страни, од една страна да има квалитет и примена на добра земјоделска пракса, а од друга страна да има навремена исплата и дефинирана цена пред жетватата без манипулации на штета на фармерите“, се наведува во инфорамцијата.
Овие барања ФФРМ писмено ги доставила на 5 јуни годинава во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Стопанските комори каде што членуваат откупувачи и млинари (Сојуз на стопанските комори, Стопанска комора и Стопанска комора на Северозападна Македонија) и ги презентирала во потсекторската група за житни култури во ресорното министерство.
Според официјалните статистики вкупната површината под жита е 67 отсто во вкупната површина под ораници и бавчи (158.314 хектари), а пченицата учествува со 34,2отсто (80.924 хектари). Пченицата во вкупната вредност на земјоделското производство учество до 12 проценти.