ФИБА: Четири држави посакуваат организација на квалификациски турнири

Официјално Турција поднесе кандидатура за домаќин на квалификациски турнир, неофицијални кандидатури објавија Италија и Русија, а од вчера ним им се приклучи и Србија.

Квалификациите ќе се играат во јули следната година, а ФИБА за два месеца ќе објави кои три земји ќе бидат организатори на турнирите за учество во Рио.

Од штотуку завршениот Евробаскет 2015 директно учество на Олимпијадата обезбедија финалистите Шпанија и Литванија.