ФИБА доживотно суспендира српски кошаркар

По истрагата која ја покрена ФИБА, епилогот е доживотна суспензија за српскиот кошаркар Стефан Шајин, пренесува „Спортски журнал“.

Шајин во текот на кариерата играше за Спартак Суботица, Младост од Земун, Војводина, ЧСМ Медијаш… Во моментот кога истрагата била покрената Шајин бил член на Војводина, но спорните моменти за местење не се случиле кога тој играл за српските клубови.

Освен Шајин, меѓу оние кон ФИБА ги сомничи за местење е и Саша Аврамовиќ, но за него моментално нема информации дали е докажана вина.