Меѓународната агенција за кредитен рејтинг „Фич“ ги намали прогнозите за рејтинг на Хрватска од стабилен на негативен.
„Фич“ истовремено го потврди долгорочниот кредитен рејтинг на ниво ББ+ за странски валути и на БББ- за домашни валути.
Рејтинг агенцијата наведува дека фискалните резултати на Хрватска дополнително се влошени од септември минатата година, кога „Фич“ го намали долгорочниот кредитен рејтинг на сегашното ниво ББ+.
Долготрајната рецесија и понатаму влијае на изгледите за фискална консолидација и оддржливост на јавниот долг, а хрватската влада, според „Фич“, покажува помала волја да воведе построги буџетски ограничувања.