Кредитната агенција „Фич“ ја подобри долгорочната оценка за Грција од „Б минус“, на „Б“ со стабилна перспектива.
„Фич“ образложува дека оваа одлука ја донел поради буџетскиот суфицит, кој го постигна Грција, подобрената реализација на буџетските цели, намалувањето на краткорочниот ризик за ликвидност на земјата и нејзиното враќање на меѓународните финансиски пазари.
Агенцијата оценува дека грчката економија ќе се развива со темпо од 0,5 отсто за оваа година и 2,5 отсто за 2015 година.