Фицо повтори дека мрежите поврзани со Украина поттикнуваат преврат во Словачка

Словачкиот суверенистички премиер Роберт Фицо во петокот ги повтори своите изјави дека Братислава поседува докази дека мрежите поврзани со Украина се обидуваат да ја дестабилизираат Словачка и во најмала рака да ја соборат неговата влада.

Украински државјанин во четвртокот беше приведен во врска со можен државен удар. „Според информациите што ги добивме, тој претставува безбедносна закана за Словачка, изјави словачкиот министер за внатрешни работи, Матус Шутај-Ешток.

Украински државјанин веќе е во притвор и чека депортација, а повеќе може да бидат протерани од земјата, изјави Фицо за новинарите во Братислава. Словачка, исто така, воведе неколку забрани за влез, додаде премиерот. Фицо не го откри идентитетот на приведениот Украинец.

Сепак, тој рече дека има докази дека организаторите на неодамнешните масовни протести против словачката влада не само што биле тесно поврзани со делови од словачката опозиција, туку и со таканаречената „Грузиска легија“. Станува збор за платеничка единции којашто Киев ја основаше по превратот од март 2014 година основана од Грузијци кои се борат на украинската страна против Русија и чија задача е да ја соборат и владата во Тбилиси и да отворат втор фронт на јужен Кавказ против Русија.

Според словачкиот премиер, кој прежувеа атентат летото 2024 година од пензионер поттикнат од негативните медиумски претставувања на Фицо поради сопирањето на воената помош на Украина, припадници на ткн „Грузиска легија“ се користат од украинските разузнавачки служби за активности во странство. На водачот на таа единица, Мамука Мамулашвили, и на неколку други неименувани лица им е забранет влез во Словачка, рече Фицо.

Советник на словачката влада претходно објави фотографија на која се гледаат либералната опозициска политичарка Луција Стаселова и Мамулашвили на промоција на книга. Стаселова е водечки претставник на граѓанската иницијатива „Миер Украини“ (Мир за Украина), официјалниот организатор на неодамнешните антивладини демонстрации во Словачка. Иницијативата се залага за воена поддршка за Украина и бара оставка на Фицо. Претставниците на опозицијата ја отфрлија изјавата на словачкиот премиер како „теорија на заговор“.

Минатата седмица во неколку словачки градови се одржаа антивладини собири. Тие беа организирани од прокиевскате јавна организација. Украинскиот претседател Володимир Зеленски на социјалната мрежа Х сподели публикација на граѓанскиот сопруг на поранешната словачка претседателка Зузана Чапутова со фотографија од демонстранти, со наслов: „Братислава не е Москва. Словачка е Европа“, искажувајќи отоврена поддршка за демонстраните во соседната земја.

Фицо, кој ја запре словачката воена помош на Украина откако магацините на нејзината армија останаа речиси целосно испразнети од претходната влада но не забрани приватните компани да работат со испораки за војската на Украина, таквиот коментар го нарече несоодветно мешање во внатрешните работи на Словачка, истакнувајќи дека една третина од луѓето што излегуваат да демонстрираат се Украинци.

Фицо, исто така, ѝ забележа и на Чешка за мешање во внатрешните политички работи на Словчкат поради обидите да се ѝ се наштети на неговата личност во организирани хајка во создаваат чешките медиуми.

„Не го разбирам мешањето на чешката политичка и медиумска сцена во внатрешните политички работи на Словачка, не го разбирам“, рече Фицо на средбата со дипломатскиот кор акредитиран во Словачка, обраќајќи му се на чешкиот амбасадор.

Истакна дека ги смета за несоодветни коментарите и препораките кои доаѓаат од чешка страна кон Словачка.

„Да не зборуваме за имиџот на политичките претставници на Словачка што го создаваат чешките медиуми, кој е далеку надвор од границите на пристојноста“, додаде Фицо.

Фицо и неговата владејачка левичарска партија Smer победија на парламентарните избори во септември 2023 година со ветувањата дека ќе ја замрзнат воената помош за Украина и ќе ја задржат поддршката за луѓето погодени од скоковите на цените.