
Владејачката унгарска партија Фидеш на премиерот Виктор Орбан на изборите за Европскиот парламент во неделата според излезните анкети има убедливо водство со 56 отсто од гласовите.
Фидеш освоила пет отсто повеќе гласови споредно со европските избори од пред пет години. По судирот со Брисел и суспендирањето на членството во колаицијата на Европската народна партија (EPP), Фидеш сега може целосно да излезе од групацијата на европските конервативци и да формира тврд десничарски блок со партиите Национален собир на Марин Лепен и партијата Лига, на италијанскиот вицепремиер Матео Салвини.
Во Грција, пак, опозициската конзервативна Нова демократија е во водство според излезните анкети меѓу 6 и 8 отсто, пред владејачката коалиција на радикалната левица Сириза. Изненадување е резултатот на неофашистичката Златна зора, која сепак остана третата политика сила, а во Европскиот парламент мандати освоија и комунистите од ККЕ