ФИФА ја одби жалбата на Аргентинa за мечот со Мароко на Олимписките игри

Светската фудбалска федерација, ФИФА, ја одби жалбата на Аргентина по скандалозниот натпревар со Мароко од фудбалскиот турнир на Олимписките игри во Париз.

Одлуката на ФИФА ја објави претседателот на Аргентинската фудбалска асоцијација (АФА), Клаудио Тапија, кој додаде дека ја истражуваат можноста за жалба на одлуката.

Тој информираше дека поднеле официјално барање да им се додели боди да се казнат виновниците за скандалот.

„Дисциплинската комисија на ФИФА го отфрли тврдењето што го кажавме по настаните што се случија на натпреварот против Мароко. Ќе побараме да ни бидат претставени аргументите за одлуката и потоа ќе размислиме дали и каде да се жалиме“, напиша Тапија на социјалните мрежи.