Новиот претседател на ФИФА ќе биде одреден кога 207-те делегати од цел свет ќе се состанат за да гласаат за наследникот на Сеп Блатер.
Делегатите ќе изберат еден од петмината кандидати кои сакаат да покренат нова ера во светскиот фудбал, шеикот Салман бин Ибрахим ал Калифа, Џани Инфантино, принцот Али бин ал –Хусеин, Токио Сексвеил и Џером Шампа.
Гласањето почнува во 13 часот по средноевропско време, но постои веројаност дека пред конечниот избор на претседател ќе има неколку рунди.
Седумдесет и девет годишниот Блатер кој беше на чело на оваа организација од 1998 година се повлече минатата година, по голем корупциски скандал.