Претседателот на Меѓународната фудбалска асоцијација (ФИФА), Џани Инфантино, во петокот се спротистави на идејата на шпанската лига првенствениот натпревар меѓу Жирона и Барселона во јануари да се игра во САД.
„Секако дека дискутиравме за предлогот на шпанската лига официјален натпревар да се игра надвор од Шпанија, конкретно во Мајами, и заклучивме дека сите првенствени натпревари би морало да се играат на територијата на оваа земја“, изјави Инфантино по седницата на Управниот одбор на ФИФА одржан во Руанда.
Шпанската фудбалска федерација (RFAF) во август годинава го потпиша контроверзниот 15-годишен договор со компанијата „Relevent Sports“ за да го засили присуството на Ла Лига во САД, а една од ставките од овој договор е играње еден натпревар на американска територија секоја сезона.
„Доколку добиеме официјално изјаснување на ФИФА според кој играњето на натпреварите во САД ќе бидат забранети, веднаш случајот ќе го пријавиме на меѓународната спортска арбитража“, изјави порптаролот на Ла Лига.