ФИФА ги критикува Роналдо и Меси

Меѓународната фудбалска асоцијација ФИФА ги критикуваше двајцата најдобри фудбалери на денешницата Португалецот Кристијано Роналдо и Аргентинецот Лионел Меси дека го „дискредитираат фудбалот“, со тоа што не се појавуваат на свеченостите за доделувањето на наградите.

„Со своето однесување го дискредитираат фудбалот, можеби тоа и не го сфаќаат“, изјвил претставник на УЕФА за шпанскиот спортски дневен весник Marca.

Роналдо и Меси не се појавија на вчерашната свеченост на ФИФА во Лондон на којашто Хрватот Лука Модриќ беше прогласен за најдобар фудбалер на светот годинава. Португалецот не се појави ниту на 30-ти август годинава во Монако кога Модриќ беше прогласен за најдобар фудбалер во Европа и во изборот на Европскаа фудбалска федерација УЕФА.

Роналдо се откажа од патот во Монако бидејќи многу тешко му паднало што остана без наградата, а во Лондон не присуствуваше бидејќи наводно имал прекусо време до новиот лигашки натпревар на Јувентус. Меси недоаѓањето во Лондон го оправда со семејни причини.

Португалската и аргентинската ѕвезда ги критикуваше и легендарниот италијански фудбалски стручњак Фабио Капело.

„Тоа е недостиг на почит, морате да бидете таму кога ќе победите и кога ќе загубите. На доделувањето на Оскарите се појавуваат сите номинирани“, смета Капело.