Светската фудбалска асоцијација вчера ги објави имињата на тренерите кои ќе се борат за титулата најдобар во 2023-та година, а еден ден подоцна, пристигна уште поважна информација за најинтересниот избор.
ФИФА денеска ја информираше јавноста за тројцата финалисти во машка конкуренција за најдобар играч на годината, односно објави дека од потесниот избор отпаднаа Деклан Рајс, Бернадо Силва, Илкај Гундоган, Хулијан Алварез, Квича Кварацхелија, Виктор Осимен, Родри и Марсело Брозовиќ.
Победникот за наградата „The Best“ ќе се бира меѓу Лионел Меси, Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе, па останува да видиме дали и капитените и селекторите ќе имаат исто мислење како она на новинарите.
Меси пред извесно време ја доби „Златната топка“ и тоа ја подели јавноста, па сега останува да видиме дали Халанд ќе добие награда за страшната сезона од страна на ФИФА.
Претходно, ФИФА објави дека во потесен круг за изборот „тренер на годината“ се Пеп Гвардиола, Лучијано Спалети и Симоне Инѕаги.
¡Estos son los finalistas al FIFA #TheBest a mejor jugador! 🏆🤩
🇳🇴 Erling Haaland
🇫🇷 Kylian Mbappe
🇦🇷 Lionel MessiMás detalles a continuación. 👀🧵
— Copa Mundial FIFA 🏆 (@fifaworldcup_es) December 14, 2023