![fifa 3](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/09/fifa-3.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
ФИФА ги повика водечките фудбалски федерации и организации на состанок на крајот од овој месец на кој ќе се разговара за меѓународниот календар на натпреварувања, вклучувајќи го и предлогот Светското фудбалско првенство да се одржува на секои две години.
Повикот за онлајн состанок на 30 септември е испратен до националните федерации, претставници на фудбалските клубови, лигите, конфедерациите, УЕФА, како и Синдикатот на професионални фудбалери (FIFpro), пренесе денеска британската телевизија Скај Спорт.
– Постои широк консензус во фудбалскиот свет да се реформира и подобри меѓународниот календар на натпреварувања. Ова е една од неколкуте можности да се воспостави конструктивна отворена расправа на светско и регионално ниво, соопшти ФИФА.
УЕФА и Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ) се заканија со бојкот доколку Мундијалот се одржува на секои две години, додека Азиската фудбалска конфедерација и КОНКАКАФ (Конфедерацијата на Северна и Централна Америка и Карибите) го поддржуваат предлогот за промена на форматот на Светското првенство.