ФИФА и СЗО покренаа иницијатива за опасностите од потрес на мозокот

Кровната светска фудбалска асоцијација ФИФА и Светската здравствена организација (СЗО) во средата покренаа заедничка иницијатива за подигање на свеста за опасностите од трауми поврзана со потрес на мозокот.

Иницијативата „Сомничи и заштити: Ниту една игра не вреди за ризик“ беше развиена со водечки експерти за здравјето на мозокот и има цел да ги нагласи ризиците од трауматски повреди на мозокот и да понуди ресурси на оваа тема.

„Со тоа што ќе ги знаете симптомите на потрес на мозокот, ќе бидете свесни за ризиците и ќе го третирате потресот на вистински начин, можете да ја ставите безбедноста на играчите на прво место“, изјави претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.

„СЗО е горд што работи со ФИФА за промовирање начини за заштита на мозокот на фудбалерите“, додаде генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.