ФИФА и УЕФА ги суспендираа сите руски клубови и селекции

Европската фудбалска асоцијација УЕФА и Светската фудбалска федерација ФИФА ги суспендираа сите руски тимови и репрезентации од натпреварувањета, иако постојано бараат и во своите статути имаат одредби за санкции според кои спортот реба да биде надовор од политиката, сепак војната меѓу Украина и Русија ги погоди и спортистите.

Тоа значи дека Спартак Москва ќе биде исфрлен од Лига Европа, додека Русија нема да може да настапи во баражот за пласман на Мундијалот во Катар и нема да игра ниту во Лигата на нации, доколку во меѓувреме не се промени нешто.

„ФИФА и УЕФА заеднички решија да ги суспендираат руските тимови, националните и клупските, од сите натпреварувања. Фудбалот ќе остане обединет и тука владее целосна солидарност кон луѓето во Украина“, соопштија од организациите.