ФИФА и УЕФА со допис до ФФМ – промени на статутот по Изборното собрание

Фудбалската федерација на Македонија го објави официјалиот одговор од ФИФА и УЕФА по однос на спортот меѓу „Куќата на фудбалот“ и Агенцијата за малади и спорт, околку барањата за усогласување на Статутот на ФФМ со Законот за Спорт.

„Во насока на нашата постојана комуникација, ФИФА и УЕФА  ја подржуваат Фудбалската федерација на Македонија, Статутот да биде предмет на разгледување целосно откако ќе се одржи изборното Собрание на ФФМ и ќе биде избран новиот Управен одбор. Согласно праксата на добро раководење, ФИФА и УЕФА силно препорачуваат нивните членки да не прават промени во нивните статути пред одржување на изборите, туку само потоа. Иако датумот на изборното Собрание сеуште не е утврден, веруваме дека истото ќе се одржи навремено и во разумен рок. Целта на ревизијата на Статутот на ФФМ не е само во насока на усогласеност на истиот со Статутите на ФИФА и УЕФА, туку и во насока на усогласеноста со националното законодавство. Веруваме дека ФФМ може да организира изборен процес независно и без влијание– стои во дописот на ФИФА и УЕФА.

На последната прес-конференција одржана во „Куќата на фудбалот“ претседателот на ФФМ, Мухамед Сејдини посочи дека има манипулативно известување од со неважечка содржина од Агенцијата за млади и спорт, со цел да се наручи угледот на федерацијата во годината кога треба да се одржи редовното Изборно собрание.

„Апсолутно сме убедени дека и во иднина заедно со сите поврзани чинители посветено ќе работиме на подобрување на условите во македонскиот фудбал, согласувајќи се околу потребата за спроведување и имплементација на македонските закони“ – велат од ФФМ.

До крајот на оваа година треба да се одржи Изборно собрание, на кое Мухамед Сејдини ќе бара од делегатите нов мандат, засега нема потврдена кандидатура на друг кандидат.