ФИФА им дозволи на шампионатите да не користат ВАР

Светската фудбалска асоцијација нема да им замери на  националните федерации ако не го користат ВАР системот при продолжување на сезоната.

Претходно, Меѓународниот совет на фудбалските здруженија (ИФАБ), исто така, даде зелено светло на привремено откажување од видео-асистенти на судијата.

Во исто време, ФИФА истакна дека во оние земји каде што ќе се применува ВАР системот, правилата ќе останат исти.

Сезоните во повеќето првенства беа прекинати поради пандемијата на коронавирус. Некои лиги размислуваат да ги одржат преостанатите натпревари без гледачи.