ФИФА има намера да упати жесток удар врз менаџерите

„Њујорк Тајмс“ во своето најново издание, пишува дека ФИФА има намера да упати жесток удар врз менаџерите, најмногу да „удри“ по оние топ – менаџери во светот кои едноставно го вртат фудбалот.

Имено ФИФА има намера да донесе правило во фудбалот, односно во работата на менаџерите да не смеат тие да бидат при еден трансфер застапници и на клубот што продава и на клубот што купува еден играч. Познато е дека при трансферот на Пол Погба, менаџерот Рајола заработи речиси 40 милиони евра. Отсега па натаму се планира процентите да се ограничат на 3% за менаџерот кој го застапува клубот што купува играч, или 6% за менаџерот кој го застапува клубот кој продава играч. И не смее да биде на двете страни.

Едноставно ФИФА посакува да ја намали заработката и моќта на менаџерите, имено фрапантно делува податокот дека во последните пет години нивната заработка била 2 милијарди долари. Секако дека и ако се воведе вакво правило, најдобрите менаџери во светот ќе најдат начин да ги заобиколат овие прописи. Сепак тоа ќе биде потешко, посебно ако се знае дека во случај на непочитување ќе има ригорозни санкции.