ФИФА му ја намали казната на Гереро, ќе игра на СП

Меѓународната фудбалска федерација ФИФА му ја преполови казната на капитенот на репрезентацијата на Перу, 33-годишниот Паоло Гереро на шест месеци, што значи дека напаѓачот на бразилски Фалменго ќе може да настапи за својата земја на Светското првенство вгодина во Русија.

Гереро првично беше суспендиран не една година, бидејќи паднал на допинг тестот по натпреварот со Аргентина во квалификациите за Светското првенство одигран на 6-ти октомври, но ФИФА сега му ја преполови казната. Капитенот на Перу бил позитивен на кокаин.

„Лут сум, не можам да верувам каква неправда ми е нанесена. Нарушен ми е угледот на приватен и на спортски план. Никогаш во животот не сум земал дроги, а во Перу чајот од кока е популарен и тоа може секаде да се пие, па и во хотелот во кој отседнавме. Шолјите и чајот има беа достапни на сите, па веројатно и мојата шолја во себе имаше чај од кока. Пиев црн чај со лимон, не сум луд да земам каков и да е кокаин“, се бранеше перуанскиот капитен.

„Моите адвокати и јас ги изнесовме сите докази во моја полза“, додаде Гереро.

ФИФА делумно ја уважи неговата жалба и Гереро на 3-ти мај следната година повторно ќе може да игра.

Пери на Светското првенство во Русија во Групата Ц ќе се натпреварува со Франција, Данска и Австралија.