ФИФА на три недели пред СП му се закани на Тунис дека ќе го исфрли од турнирот?

На три недели до стартот на Светското првенство во Катар, Светската фудбалска федерација (ФИФА) го предупреди Тунис како последна опомена пред исклучување, поради мешање на политиката во спортот.

Светската централа упати последна опомена кон министерството за спорт на оваа африканска земја поради коментари на министерот за можно „распуштање на сите федерални институции“.

Туниска федерација се пожали во Цирих, па експресно од ФИФА дојде објаснување дека политиката мора да остане надвор од спортот и фудбалот, а ако не се запре следува исклучување, нешто што ФИФА многу често го користи како средство за да ја заштити фудбалската федерација во една земја.

Кенија и Зимбабве годиава добија суспензии поради мешање на политиката во фудбалот, додека Индија доби суспензија, па и беше укината поради „мешање на трети страни“

„Не е една изјава, туку тоа се многу во низа. Министерот веќе бараше да се пролионгира стартот на првенството, па се закануваше дека ќе ја распушти федерацијата. ФТФ тоа го гледа како закана, а ФИФА такви работи не дозволува“, рекоа од федерацијата.

Ако Тунис добие црвен картон, што е малку веројатно, но не и невозможно, замена ќе биде Мали, селекција која е најдобро рангирана, а не е учесник на СП од африканскиот континент и селекција која испадна од Тунис во баражите за Мундијалот.