![ukraina fudbal](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/03/ukraina-fudbal.jpg?resize=696%2C400&ssl=1)
ФИФА официјално го одложи натпреварот од квалификациите за Светското првенство меѓу Шкотска и Украина.
Селекциите требаше да се сретнат на „Хампден парк“ на 24 март, но украинскиот сојуз минатата недела поднесе барање за одложување на натпреварот по руската инвазија на Украина.
ФИФА го одобри барање, а натпреварот веројатно ќе биде преместен во јунскиот термин кога би требало да се одржи и првото коло од Лигата на нации.
Одложувањето на овој натпревар повлекува и одложување на финалето на плејофот.
За потсетување ФИФА и УЕФА ја суспензираа Русија од меѓународни натпреварувања. Светското првенство се одржува во Катар од 21 ноември до 18 декември.