ФИФА покрена истрага против Вида поради политичка провокација

ФИФА покрена истрага против дефанзивецот на Хрватска, Домагој Вида кој по натпреварот со Русија сними видео со кое изрази подршка за Украина. Вида го сними видеото со скаутот на хрватската репрезентација, поранешниот репрезентативец Огњен Вукојевиќ, со кого долго време играа за „Динамо“ од Киев.

Ги проучуваме различните извештаи од натпреварот Русија и Хрватска како и потенцијалните докази поврзани со снимката.Додека не донесеме одлука врз основа на сите информации не можеме да коментираме, стои во сооптшението на ФИФА.

Вида изјави дека тоа го направил со најдобра намера и дека нема ништо против Русија и го сака рускиот народ каде што има многу пријатели.

По скандалот најгласни се англиските медиуми кои вршат притисок Вида да биде исклучен од турнирот за да им биде олеснета работата во полуфиналето. Сепак, Хрватот може да добие два натпревари суспензија поради политичка провокација, но и да биде парично казнет како швајцарските репрезентативци Џака и Шаќири.