ФИФА се предомисли, нема казна за Барселона

Раководните лица на каталонскиот гигант Барселона се на седмо небо откако ФИФА донесе одлука со која се повлекува претходно изречената казна со која на актуелниот шампион на Шпанија му беше забрането да ангажира нови фудбалери во следните 14 месеци.

Казната беше донесена поради нерегуларностите кои биле забележани при ангажманото на неколку фудбалери кои биле под 18-години.

„Комисија за жалби при ФИФА ја прифати жалбата на Барселона, па казната што претходно беше изречена врз каталонскиот гигант моментно е суспендирана“, објави светската куќа на фудбалот.
Шпанските медиуми се убедени дека претходно изречената казна ќе биде сменета во „условна“, со јасна порака дека секој следен сличен престап ќе значи и далеку поригорозна суспензија.