Фигел за Сител: Затвориските услови не соодетствуваат за 21-от век

Поранешниот еврокомесар и специјален пратеник за човекови права Јан Фигел во вторик повторно  допатува во Скопје во врска со случајот на притворот на бизнисменот Јордан Камчев, а овојпат има средби со повеќе официјални лица, а со премиерот Зоран Заев ќе се сретне во текот на неговата трета посета на Македонија.

Во екслузивното интервји за ТВ Сител, дава оцена за условите во кои се наоѓа Камчев моментално и вели дека

„ Драго ми е што сум повторно во Скопје, во Македонија, се чувствувам како пријател на оваа држава и луѓето. Ова е генерално, но конкретно за г-дин Јордан Камчев и нашата средба на местото каде што тој е во притвор, во Шутка, тука во Скопје, видов дека тоа се услови кои не соодејствуваат на 21. век. Не знам доволно но, кога го добив Извештајот од Обдусманот за неговиот третман, од март оваа година, жал ми е што морам да кажам дека во оваа земја се уште е возможно да се види нехуман, деградирачки третман и тортура на луѓето кои се во затворите. Истата порака беше испратена и неодамна, во јули од страна на CPT – Комитетот за превенција од тортура на Советот на Европа, за ситуацијата во Македонија севкупно“, вели Фигел.

Вели дека во Македонија доаѓа да комуницирам и да помогне како пријател на оваа земја и народот и да се постигне приоритетот правда и достоинство за сите.

„Достоинствотоза сите, е многу важно. Мислам дека мојот глас моментално им помага на ‘безгласните”. Г-дин Камчев е безгласен сега, тој не може да зборува јавно, тој не може да се брани себе во целосна смисла. Бидејќи има толку многу сомнежи во овој процес, мораме да разговараме за владеењето на правото и заштитата на човечките права во оваа земја. Доколку овој нефер третман продолжува и продолжува да се применува на човек кој е релативно влијателен, тогаш што се случува со обичните луѓе кои немаат средства да се бранат и да ги заштитат нивните права“, вели Фигел.

Додава дека бара особен привилегиран третман, тук владеење на правото и почитување на човечкото достоинство и човековите права за сите.

„Драго ми е што можев да го посетам центарот за притвор. Сигурен сум дека овој случај заслужува особено внимание бидејќи претставува лакмус тест за правдата во оваа земја. Има длабоки и сериозни сомнежи околу иницијацијата на овој случај, како истиот започна. Имам неколку разумни сомнежи или прашања кои сакам да ги поставам за овој случај“, вели Фигел.