Фијаско на револуцијата – терор на улиците: Пајташите на Заев блокираат крстосници и тепаат граѓани (ВИДЕО)

„Не се смеј, бе, пи*ка ти материна“, „Фамилијата ќе ти ја е*ам“, „Така бе, така, тргнето го од таму“, „Мајку у пи*ку да му е*ам“… и уште канонада од погрдни и понижувачки зборови, проследени со боксови и тупаници, доби еден граѓанин на раскрсницата кај Соборниот храм во центарот на Скопје за време на блокадата на таканаречената Шарена револуција, пишува Република.

slika2 (1)

Хулиганите на СДСМ, предводени од Исмаил Малиќи Ицко, еден од првите помагачи на Зоран Заев, секогаш во првите редови кога има немили настани, хулигански и вандалски напади, еден од оние кои два месеци гаѓаат на Владата, Собранието, Портата Македонија, кои уништуваат јавен имот, блокираат улици и се изживуваат врз граѓаните кои не го делат нивното мислење, на неколку раскрсници точно напладне, не им дава на луѓето да стигнат на работа, средношколците на училиште, студентите на факултет, пишува порталот Република.

Во недостаток на масовност, дваесетина „шарени“ автомобили беа паркирани на секоја од крстосниците, кај поранешна Треска, во Карпош 3 кај бензинската станица, кај Соборниот храм, Судската палата и кај Црвениот крст.

Таков беше случајот и со денешното блокирање на крстосницата кај Соборниот храм и уште неколку други.

Демонстрантите го навлекоа гневот на возачите, а посериозен инцидент се случи на раскрсницата кај Соборниот храм кога беше нападнат познатиот скопјанец Крис, кој се обидуваше да се пробие низ метежот со својот мопед.

slika3

Ова е втор напад од страна на хулиганите и вандалите на СДСМ, кои пред само една недела физички нападнаа родител кој сакаше своето дете да го однесе на преглед на детска кардиологија.

Huligani-SDSM-napad-roditel-520x285

Додека таткото очајно го бранеше своето болно дете од насилниците на СДСМ кои физички го нападнаа и се обидуваше да се разбере со платениците, болното дете и мајката во автомобилот доживуваа траума и ги гледаа навредите, свиркањата и физичките напади врз таткото кој очајно сакаше да помине.

0.02.01.89bf98cfe7f4cce4b4db74efa50441dbb8c629a76454875e993d6061933fafee_full-520x347

И покрај прекршочните и кривичните пријави, не планираме да се повлечеме. Плановите остануваат исти, се додека не се исполнат нашите барања ќе бидеме упорни“, изјави Исмаил Малиќи – Ицко, еден од осомничените против кои полицијата поднесе кривични пријави поради сомневање за извршено кривично дела „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“, на солидарната акција за прибирање средства за казните на осомничените, организирана вчера во Скопје, пишува порталот.

0.02.01.d4ff56da5f9857532b91871f9cbb2bccc525f4cd43f3dbbbc288cabb8b83a24e_full-520x347

Освен што не планира да престане со вандалското и крајно деструктивно однесување, Малиќи и неговите финансиери и поддржувачи планираат дополнително радикализирање, но засега не најавуваат во каква форма ќе се изрази тоа.

 

0.02.01.12b043d7e983e11dcb779609d3569b88c130b0c8642001d249a06b037a18e6ec_full-520x347

0.02.01.796bf53c71c5cde4399183ef3dc461dee527a849dfa9af88d852f4d01a9662d9_full-520x347

Шарените демонстранти, кои речиси два месеци го парализираа градот во попладневните часови, сега започнаа да блокираат крстосници во сообраќајниот шпиц. Новата тактика е резултат на се помалата излезност и поддршката од граѓаните која изостанува по двомесечното изживување. Немањето капацитет сега се обидуваат да го камуфлираат со правење метеж и нервоза во текот на денот.