„Филаделфија“ го избриша „Мајами“ за полуфинале на плеј офот

Кошаркарите на „Филаделфија„ и „Голден Стејт“ обезбедуја пласман во полуфиналето од доигрувањето на НБА лигата по ноќешните победи, а тимот на „Бостон“ е на една победа до наредниот круг откако славееше против „Милвоки“.

Вечерта во НБА лигата ја одбележаа поразите на неколку ветерани кои во изминативе години освојуваа титули во најсилната лига, па прашање дали ќе ги гледаме на терените и следната година. Двејн Вејд се врати во Мајами, каде пред неколку години ја играше најдобрата кошарка, но само повремени блесоци на легендата не беа доволни тимот од Флорида да избегне пораз од 4:1 од „Севентисиксерс“.

Џоел Ембид со 19 поени и 12 скока беше најдобар кај домаќините кои победија со 104:91, заедно со Џ.Џ. Редик со 27 поени и Бен Симонс со 14 коша и десет скока и шест асистенции.

Кај „Мајами“ најефикасен беше Кели Олиник со 18 поени, осум скока и шест асистенции, како и Горан Драгиќ со 15 поени со пет асистенции. Вејд имаше 11 коша со по пет скока и асистенции.

„Филаделфија“ ќе го чека победникот од дуелот меѓу „Бостон“ и „Милвоки“ во кој „Келтите“ водат со 3:2 по побадата со 92:87. Ал Хорфорд со 22 поени, 14 и 3 асистенции беше најдобар кај „Бостон“, а Џанис Антетокунмпо со 16 коша, десет скока и девет асистенции кај гостите.

Ветераните во тимот од Тексас, Ману Џинобили (40), По Гасол (37) и Тони Паркер (35) дадоа максимум да ја спречат победата на актуелниот шампион, но беа поразени со 99:91, за конечни 4:1 во серијата.

„Спарси„ и на овој меч беа без тренерто Грег Поповиќ, а „Голден Стејт“ без капитенот Стеф Кар. Како и во претходните мечеви, најдобар кај „Вориорси“ беше Кевин Дурант со 25 коша со 5 асистенции и 6 скока, а Клеј Томпсон постигна 24 коша, како и Драјмонд Грин со 17 поени. Домаќиние очекувано водеа со 15 коша разлика во полсениот период од натпреварот, но легендите не сакаа лесно да се предадат, па Џинобили, Гасол и Паркер, предводени од најдобриот во „Сан Антонио“, Ламаркус Олдриџ со 32 поена, 12 скока и 4 асистенции дојдоа на само -2, но тоа беше се.

Прашање е дали овој тим на „Сан Антонио“ ќе остане во ист состав и следната сезона. Шампионот,пак, во полуфиналето ќе игра со „Портланд“, кој го победи фаворитот „Оклахома“ со 4:1 во победи.