Комесарот за прошоирување на Европската Унија, Штефан Филе оценува дека Европската Унија допринела за моменталните судири во Украина, бидејќи пропуштила сериозно да ги сфати изјавите на рускиот претседател Владимир Путин за распадот на поранешната СССР.
„Не го сфативме сериозно она што нам пред неколку години ни го кажа претседателот Путин. Тврдеше дека распадот на СССР била најголема катастрофа на 20-тиот век“, вели Филе во интервју за Радио Слободна Европа.
На самитот НАТО- Русија во Букурешт во 2008 година, бев сам во соба кога Путин изјави дека Украина е „вештачка држава“. Половина од нас се смееа, половина не разбраа. Но, сега сфаќаме и повеќе не ни е до смеење, вели Филе.
Филе вели дека Брисел не успеал да ја увери Русија на европските релации да гледа како на односи во кои двете страни победуваат, а не во која едната страна губи.