
Магистер Филип Пасху не назначен за нов в.д. директор на ЈП „Градски Паркинг Скопје“, информираа од Градот.
„Тој е магистер по економија, со долгогодишно работно искуство во управување со бројни проекти на УСАИД, ДФИД, ИПА фондовите на Европската Унија. Има искуство и од позицијата неизвршен директор на АД Енергетика Скопје, заменик директор на ЈП Градски Паркинг, како и претседател на Управниот одбор на истото претпријатие“, се вели во објавата од Град Скопје.