Во видеото кое директорот на Државниот Архив, Филип Петровски го објави пред малку на својот Фејсбук профил, објаснува дека текстот во кој пишува дека тој наводно бил уапсен и испрашуван, е тотално невистинит.
Многумина денес ми се јавија да ме прашаат каква била таа драма во Архив, а всушност се работи за парталот, нагласувам партал Мактел, којшто имаше наслов: Драма во Архив на Македонија: СЈО го уапсило Филип Петровски во неговата канцеларија, по испрашување цел ден бил пуштен; . Само да ви кажам дека текстот е целосно невистинит и Соросписките, соросовите медиуми кои активно работат на пуштање на спинови во последните години и ги превртуваат реалните настани, продолжуваат да ја работат својата работа. Да ви кажам, сум во Државниот Архив, текстот е целосна лага, објаснува Петровски
Тој исто така нагласи дека додека СДСМ и СЈО пред Нова Година работеле по рестораните и кафеаните , тој работел на книгата која беше објавена неколку дена пред Нова Година: Македонија во странскиот печат.