Хорор пред споменикот „Филип Втори“: Момче избодено со нож

Во раните утрински часови 22-годишно момче било избодено со нож од страна на непознати лица.

Настанок како што информираат од МВР се случил утрово, околу 03,00 часот во Скопје на ул.„Црвена Скопска Општина“ на платото пред споменикот „Филип Втори“.

Хорор пред споменикот „Филип Втори“: Момче избодено со нож
Хорор пред споменикот „Филип Втори“: Момче избодено со нож

Дваесет и две годишниот М.Ј. кој бил со две лица се движел  кон „Стоковна куќа Мост“, бил нападнат од 4-5 лица и со остар предмет (најверојатно нож) бил прободен два пати во пределот на градниот кош.

Од страна на итната медицинска помош момчето било пренесен во Градската општа болница за укажување на лекарска помош.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на напаѓачите.