Филипче: До крајот на април ќе пристигнат 300.000 вакцини

Министерот за здравство, Венко Филипче, уверува дека до крајот на април во Македонија ќе пристигнат 300.000 вакцини.

Оваа информација тој ја сподели во гостувањето на ТВ 21.

-Во Србија има претставништо на Фајзер, и можеби тоа е причина зошто најрано од сите стигна до вакцини. Во Албанија има вакцини кои стигнаа од Фајзер, од Ковакс, и стигнаа преку Турција. До крајот на овој месец очекуваме да дојдат близу 300 вакцините, тоа се 200 илјади од Кина, 76 илјади од КОВАКС, и 25 илјади од ЕУ. Дефинитивно да е тоа планот, кога ќе почне имунизацијата да не престане, рече Филипче.