Филипче: Добрите вести се предвесник дека овој тежок период има крај

Добрите вести се предвесник дека овој тежок период има крај и заедно ќе успееме да го надминеме, порача на својот Фејсбук профил министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој ја сподели информацијата дека досега се излекувани 200 пациенти заболени од коронавирус.

– Се радувам за сите оздравени пациенти, за нивните семејства и најблиски. Се надевам дека сѐ почесто ќе слушаме добри вести. Благодарност до целиот медицински персонал кој даде сѐ од себе да им помогне, како и до пациентите и нивните семејства за соработката, дисциплината и трпеливоста – објави Филипче.