Филипче допрва ќе проценува дали треба да се набави и руската вакцина против Covid-19

Министерот за здравство Венко Филипче денеска одговарајќи на новинарско прашање истакна дека ќе се направи проценка дали треба да се набават и содветни количини од руската вакцина против коронавирусот.

„Во текот на вчерашниот ден тим на Министерството за здравство имаше состанок со надлежната компанија по прашање на стручните анализи“, додаде Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по посета на новата модуларна болница во Велес.