
Нема владина одлука за полициски час поради зголемената појава на вирусот. Аргументите „за“ и „против“, го натераа министерот за здравство, Венко Филипче, да го повлече предлогот, објави Алсат-М, повикувајќи се на владини извори.
Како што пренесе порталот, предлогот ќе биде вратен во Комисијата за заразни болести, која вчера побара воведување полициски час во четири градови. Во предлогот беше наведено дека се бара полицискиот час да почнува во 22 часот, а да трае до 5 часот следниот ден.