Филипче ќе се вакцинира со „АстраЗенека“ поради скепсата во јавноста

Министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес конференција истакна дека дефинитивно би се вакцинирал со вакцината на „АстраЗенека“.

„Имајќи предвид дека скепсата за оваа вакцина е голема изминатиов период, да дефинитивно, одговори Филипче.

Инаку, во изминатите денови имунизирањето низ неколку земји на ЕУ со оваа вакцина беше стопирано по мал број на случаи со згрутчување на крвта.