Граѓаните останаа без долгонајавуваниот лек што го ветуваше министерот за здравство, Венко Филипче дека ќе пристигне во текот на април.
Имено поминаа три седмици од најавениот термин од страна на министерот за здравство Венко Филипче за пристигање на специфичното антитело што е наменето специјално за лекување пациенти со Civid-19. Министерот за здравство Венко Филипче уште на први април во изјава за медиуми посочи дека лекот ќе пристигне за 15-ина дена, а станува збор за антитело кое делува против Covid-19 поради тоа што се врзува таргетирано токму за вирусот.
„За оваа болест за жал сè уште нема терапија освен една што за период од околу две недели ќе стигне во нашата земја, а тоа е она специфично антитело што е наменето специјално за оваа болест заради тоа што се врзува таргетирано токму за вирусот“, истакна министерот за здравство Венко Филипче на први април.
За ова прашање исто така порталот Плусинфо има побарано од министерство за здравство одговор зошто лекот се уште го нема, од министерството посочиле дека набавката е во тек.
„За коктел терапијата, набавката е во тек. Постапката оди преку Светска Банка“, одговорија од министерството за здравство на порталот Плусинфо, но не објасниле зошто доцни пратката.
И додека лекот се уште не е пристигнат во државата, смртноста од КОВИД-19 не се намалува се уште деновиве смртноста се движи околу 30-40 починати лица.
За состојбата со епидемијата на коронавирусот во државата одговорност секој ден бара опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.
Милошоски додаде дека како резултат на трчањето по провизии од страна на министерот и лошиот менаџмент Македонија, за жал, се наоѓа на високото трето или четврто место по бројот на смртност по глава на жител на милион жители во Европа.