Филипче ги извиси здравствените работници за вакцини против сезонски грип и за скринингот

Вакцина против сезонски грип предизвика главоболка во Македонија. Министерството за здравство бомбастично најави и вети дека ќе се вакцинираат медицинските работници со цел да се заштитат од сезонски грип и да можат да помагаат во справување со КОВИД-19.

Но, помина пола месец од ноември, направени се списоци за вакцинација, но таа за жал никаде не е започната. Здравствените работници се уште не се вакцинирани за сезонски грип.

„Вакцината ја направивме подостапна за сите здравствени работници, како една од ризичните категории, чија заштита во услови на КОВИД-19 пандемија е многу значајна. Во првата испорака до установите се обезбедија 2.790 вакцини. Во најбрз рок ќе бидат испорачани и дополнителни количини поради големиот интерес помеѓу здравствените работници“, се наведува во соопштението на министерство за здравство од пред неколку дена.

На ова реагираат многу здравствени работници, велат дека се оставени сами на себе во нехумани услови, без опрема и без кадар да се борат со КОВИД -19, а згора на тоа министерот ги лаже и за вакцинација против сезонски грип.

„Наместо да објават каде и колку здравствени работници се вакцинирани, тие си продолжуваат да користат ПР алатки, само за да ја скријат својата неспособност. Реалноста е дека скоро никаде вакцинацијата на здравствени работници не е започната. А К-19 напредува…“, пишува на социјални мрежи доктор Игор Николов.

Вработените во здравствениот сектор се песимисти околу вакцинирањето против сезонски грип, бидејќи министерството за здравство односно министерот Венко Филипче ниту еднаш не се потруди за да се изнајдат средства и да се направи скрининг на здравствените работници, а не па бесплатно да ги вакцинираат. За неажурноста на министерот за здравство да ги заштити здравствените работници од КОВИД-19 говорат и податоците.

Имено, според податоци од Институтот за јавно здравје од почетокот на пандемијата до денес позитивни на корона вирусот биле 1.527 здравствени работници од кои за жал 12 ја изгубиле битката. Ако се земе во предвид дека вкупен број на здравствени работници во државата се над 8.000, а бројката на заразени од нив се 1.527, што значи дека до сега во Македонија од КОВИД-19 се заразиле над 17 проценти од здравствените проценти.